Според резултатите од пописот кои беа објавени вчера, во Македонија живеат 1.836.713 жители, што е намалување од 9,2 отсто, или 185.834 лица помалку во однос на последниот попис на населението од 2002 година.
Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 отсто се во возрасната група од 40-44 години. Просечната возраст на населението е 40,08 години. Куриозитет е што во Северна Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години.
Анализа на податоците по старост, покажува дека Македонија има само 3.84 жители кои се работоспособни за секој пензионер (лице над 65 години). На пописот во 2002 година, овој сооднос бил 6.46 работоспособни лица за секој пензионер. А односот веројатно е уште полош, имајќи предвид дека пензионираањето е можно на возраст од 62 и 64 години. Ова е исклучително лоша вест за одржливоста на демографската структура во Македонија, како и за економијата на земјата.