Од партијата Левица, која повика на бојкот на пописот, почнаа да упатуваат отворени критики за нивниот коалициски партнер на локално ниво ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО собираше потписи против пописот, за на крај да се задоволи со негово одложување, но со истата методологија која овозможи да се претстави далеку поголем процент на Албанците отколку што реално живеат во земјата.
Лидерот на Левица Димитар Апасиев денес сподели коментар на Фејсбук, во кој се посочува како помалите етнички заедници, како Ромите, Турците, Бошњаците и Србите, реагираат против резултатите на пописот и се изјаснуваат дека не го признаваат, но ВМРО-ДПМНЕ не го прави тоа.
По денешните реакции Македонците, Турците, Бошњаците, Србите, Власите, Ромите не го признаваат пописот. Излегува дека само Албанците и партиските војници на СДСМ и ДПМНЕ го признаваат пописот. Пак да си ги гласате!, се вели во коментарот на Елена Оровчанец – Спироска, кој го сподели Апасиев.
Претходно, другиот пратеник од Левица, Борислав Крмов, даде сличен коментар. „раво за Турците. Далеку поголема храброст од ‘комитите’ од ДПМНЕ кои се кријат позади внимателно одбрани зборови. И Ромите се спуштени вештачки и Власите исто“, рече Крмов.