Петар Колев, лидерот на партијата на Бугарите во Македонија ГДУ, најави дека е на повидок компромис, при што Бугарија ќе се откаже или ќе го одложи барањето бугарската заедница да се внесе во Уставот, а за возврат ќе го „добие“ цар Самоил кој ќе биде прогласен за бугарски цар. Со тоа, Владата на Кирил Петков наскоро ќе го крене ветото, прогнозира Колев.
Повеќе од јасно е дека се спроведува некаков план за тоа што треба да се случи по прашањето на РСМ. Повеќе од јасно е дека некои политички сили и структури во Бугарија испраќаат противречни сигнали.. Сценариото ќе биде следното: по пописот, Бугарите се незначителен дел од општеството и нема потреба да се отвара Уставот. Најверојатно, многу скоро ќе слушнеме дека во историската комисија се договориле дека цар Самоил бил цар на Бугарија. Најверојатно потоа на тврдината во Охрид ќе се стави една плоча на која тој ќе биде прогласен за цар на Бугарите. Потоа очекуваме да се тргнал 10-15 плочи на кои се спомнува бугарскиот фашистички окупатор, и на нив да пишува само фашистички окупатор. Со тоа сме ги решиле проблемите со Бугарија и Бугарија ќе биде ставена во положба да треба да го тргне ветото пред РСМ и да почнат преговорите со ЕУ, изјави Колев во интервју за БГНЕС.
Историската комисија се среќава денес и утре, а бугарскиот премиер Петков веќе најави дека има голем напредок во нејзината работа.
Колев додава дека бугарската заедница е единствената која пораснала на пописот, на 3,500 лица, колку што гласови и добила неговата партија на последните избори. Во исто време, во таа заедница има голема полова разлика, па така односот на мажи кон жени е 2:1, што според Колев е неприродно.