Поддршката од Зоран Заев јас лично ја имав од првиот ден од форирањето на Меѓународен сојуз. Поттикот е голема форма ако доаѓа од првиот човек. Дека Заев знаел и бил инфомиран за проектот е неспорен факт, изјави Бојан Јовановски – Боки 13 при денешните завршни зборови во судењето Меѓународен сојуз.
Боки 13 го праша судот дали некој навистина верува дека тој самиот можел да измами бизнисмени како што се Силјан Мицевски и Адријан Амзоски. Со тоа, Јовановски силни алудираше дека Заев бил вистинскиот двигател на зделките кои биле договарани.
Горд сум што бев претседател на Меѓународен сојуз која немаше добиено ниту еден денар државни пари туку зе финансираше со вмрежување со бизнис секторот и имавме реализирани многу проекти. Горд сум што можам да се пофалам со проектот ко е од големо значење но кој, за жал, не помина а тоа е изградба на дом за стари лица, истакна на денешните завршни зборови Бојан Јовановски.
Сподед него, целта на овој процес било дискредитација на него лично и фактите да се заменат со шпекулации, а шпекулациите довеле до обвинение. Никого не држев во заблуда, особено не Силјан Мицевски и полномошникот на Дрим Билдинг, Амзоски- убедува Јовановски. Исто така вели дека немало злоупотреба на политичките власти, односно тогаш актуелната влада. За ваквите обвинувања вели дека апсолуто не се точни. За сите суми кои биле споменувани,Боки вели дека немало доказ иако убаво звучеле. Тортурата кон мене придонесе да се борам како Дон Кихот со ветерници, се пожали Јовановски.
https://www.youtube.com/watch?v=IOuFJMSx3gk