Кризата со коронавирусот ни даде можност да видиме од колкаво значење се инфраструктурата и јавниот сервис, за квалитетот на живот на сите наши граѓани.
? Низ целата држава се градат 260 км автопати, 300 км експресни патишта и 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци.
? Се грижиме за најранливите категории, за само 2,5 години изградивме повеќе од 320 социјални станови, а ќе изградиме уште 700. Градиме и ќе градиме мали групни домови и центри за лица со попреченост.
? Создавањето квалитетен здравствен систем во изминатите 2,5 години се базираше на инвестиција во човечкиот потенцијал, но и на големи капитални инвестиции, обнова на болници, амбуланти, клиники и почеток на нов клинички центар во Скопје. Ги подобривме условите во 28 јавно-здравствени установи.