Фејсбук статус на Зоран Заев:
„Јазикот е нашата најкомплетна татковина“ ќе рече македонскиот великан Блаже Конески.
На овој ден во 1945 година, азбуката на македонскиот јазик е усвоена како официјално писмо, а денес, нашиот, македонски јазик е признаен и потврден. На тој јазик комуницираме во своја, независна и слободна држава, но на тој јазик комуницираме и со нашите пријатели ширум светот. Гордо и достоинствено.
Пред една година Владата на #СДСМ го прогласи денешниот ден за Ден на македонскиот јазик, тргнувајќи од потребата за што поголема грижа за нашиот мајчин јазик. Афирмацијата и унапредување на македонскиот јазик, како официјален јазик на нашата татковина е наша водилка.
Македонскиот јазик е еден од клучните кодови на нашата посебност и самобитност, темел на македонскиот идентитет. Горд сум што денеска, кога го празнуваме Денот на македонскиот јазик, 5-ти мај, можеме да кажеме дека го сочувавме аманетот на нашите предци. Македонскиот јазик е реалност, признаен од целиот свет, впишан во картата на јазиците и во нашата карта во Обединетите Нации.