Можноста за вметнување на етничката припадност во личните карти ќе се однесува само за оние граѓани што се припадници на заедниците опфатени со Преамбулата на Уставот, потврди за „Слободен печат“, пратеникот од редовите на БЕСА, Фадил Зендели.
И покрај трите амандмана од партнерите од мнозинството, но и амандманската блокада од страна на опозиционерите од Левица, тој уверува дека измените ќе бидат усвоени.
-Ова е став што е усогласен за време на постигнувањето на коалицискиот договор.
Сепак, мора да се напомене дека ова е опција и ништо не е задолжително, ќе има избор, никому нема да биде наложено да мора да се произнесе за неговата етничка припадност, изјави Зендели, додавајќи дека ваквото право е дел од етничките права што им следуваат на припадниците на заедниците што се во текстот на Уставот.
Повеќе >> Слободен Печат