Потпретседателот и пратеник на СДСМ Мухамед Зекири смета дека неговата партија ја воскреснала ДУИ за што и албанското гласачко тело им е особено луто и е разочарано од нив. Тој потенцираше дека СДСМ особено ја оживеал ДИУ за време на локалните избори 2017 година, кога формирал предизборна коалиција со оваа албанска партија.
Овие констатации Зекири ги истакна во гостување во емисијата “Пресинг“ која се емитува на косовската телевизија Т7, при што додава дека ако СДСМ не ѝ помогнел на ДУИ, за што смета дека е една од најголемите грешки на владејачката партија, ДУИ ќе ги изгубеше големите општини како Чаир.
Тоа што ни замеруваат најмногу е поради тоа што ние им помогнавме на ДУИ повторно да оживее, особено на локалните избори. И јас бев еден од најгласните во раководството на партијата, како потпретседател, дека не треба да го правиме тоа. Дека не треба да излеземе како коалиција на локални избори за да ја помогнеме ДУИ. Но, сепак, во раководството доминираше одлуката дека сепак тие се владин партнер со кој треба да ја задржиме Владата, го имаат бројот на пратеници и дека треба ја продолжиме соработката и да им помогнеме. Мислам дека тоа ни беше најголемата грешка. СДСМ требаше да стои настрана и да ги остави гласачите сами да проценат за кого ќе гласаат. Без помошта на СДСМ, на тие локални избори ДУИ ќе ги изгубеше клучните општини. Ќе го загубеше Чаир, ќе го загубеше Тетово, ќе го загубеше Дебар, ќе ја загубеше Струга. Ќе ги загубеа големите градови, рече Зеќири.
На прашањето што доби СДСМ за возврат, Зекири вели дека од предизборната коалиција со ДУИ СДСМ само го добил Скопје, односно ДУИ помогнала Шилегов да победи во првиот круг.
Реално, не добивме речиси ништо. Во Скопје помогна ДУИ да ја завршиме работата во првиот круг. Во тоа време само во Скопје можеше да помогне ДУИ, и тука е грешката. Јас без оглед на одлуката на раководството дека треба да се поддржат кандидатите за градоначалници на ДУИ, во тоа време, еден ден пред изборите, ден сабота, јас се појавив во две општини за кои сметав дека треба да бидат менаџирани од страна на тогашната опозиција, од кандидатите на господинот Села, и отидов во Дебар и јавно седнав да пијам кафе со кандидатот на Зијадин, со што предизвикав голема паника во редовите на ДУИ. И од Дебар отидов во Струга со господинот Села се сретнав и заедно пиевме кафе и се прошетавме по центарот на Струга за да им пратам порака на тие што мене ме поддржуваат дека јас сум со овие кандидати. И јас мислам дека не треба ниту Рамиз Мерко, ниту Ружди Лата во тоа време, сега покоен, да раководат со општините, беше дециден Зеќири.
Додека беше во опозиција, СДСМ не се воздржуваше да ги нарекува криминалци и соработници на режимот функционерите од ДУИ.