Според предлогот на владината комисија за кадровски прашања, Владата на денешната седница го отповика Марко Ѓоргиевски од должноста независен и неизвршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејност и Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост.
Генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири, на владината седница е именуван во Совет за реформа на јавната администрација на местото на Драги Рашковски.
На седницата, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, Владата се информирала за оставката на Дарио Николовски од должноста директор на Државниот студентски дом „Скопје“ во Скопје и заклучила да му препорача на Управниот одбор на Државниот студентски дом „Скопје“ во Скопје, за вршител на должноста директор на Државниот студентски дом „Скопје“ , да го именува Виктор Велевски.
– Владата ја прифати информацијата на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за именување на Марко Ѓоргиевски за в.д. директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за време до изборот на директор, а најдолго за шест месеци – се наведува во соопштението.
Повеќе >> Плус Инфо