Решавачки фактор што ја наведе бугарската Влада на одлуката да одбие да се согласи на старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ е немањето „гаранции за добрососедските односи и за имплементација на билатерални договори“, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за Програмата на германската телевизија АРД за Југоисточна Европа.
Захариева наведува дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу Скопје и Софија во 2017 година, меѓу другото, се предвидува формирање заедничка комисија од историчари „за решавање на постојните спорни историски прашања“ меѓу двете земји со консензус, која, според неа, не успеала да ја заврши својата задача.
– Бугарија сака да биде призната историската вистина. Ова не беше проблем за Северна Македонија кога го потпиша договорот – заедничка историја што ќе не обедини, а не да не раздели. Ова е целта. Ние не велиме „Овие личности се само наши“, туку „Овие личности се заеднички“. Ова е модерно размислување на две земји, особено ако сакаат да бидат заедно во Европската унија, изјави Захариева.
Повеќе >> Фокус