Нема услови за спроведување на изборите, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев по лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски и порача дека побарал да се воведе вонредна состојба.
Заев изјави дека му дале право на шефот на државата со експертски тим да најде решение за одложување на изборите и за закажување на нов термин за избори.
– Сега кога имаме заеднички непријател во коронавирусот не е време за избори. Согласно анализите и проекциите за економските проекции подготвуваме сет за помош и мерки. Ја отврив потребата од воведување вонредна состојба, за да може поефикасно да се донесат мерки за здравствената состојба на граѓаните. Верувам дека можеме да успееме и да се избориме со овој предизвик. Важно е сите да останат посветени за заштита од заразата. Дадовме право на претседателот на државата да свика експертска група да најде правни модалитети за одложување на изборите. Верувам дека ќе се надат правни формулации со кои ќе се одложат и повторно закажат изборите и дека ќе се воведе вонредна состојба – рече Заев.
Тој додаде дека не калулирале со опцијата кој да владее до новите избори. Според Заев треба да продолжи да владее техничката влада.
Заев на новинарско прашање рече дека не зборувале за датум за изборите.
– ВМРО-ДПМНЕ не се осгласуваат да се воведе вонредна состојба, туку тие се за воведување кризна состојба – рече Заев.