Запрашан за тоа кој прв во Македонија ќе се вакцинира со ковид-вакцините, премиерот Зоран Заев истакна дека прв, како што е редот ќе се вакцинира министерот за здравство Венко Филипче и членовите на Комисијата за заразни болести.
-Ќе се вакцинира министерот Филипче заедно со лекарите, тие се нашите херои, медицинскиот персонал кој се бори со болеста, потоа како што беше редот. Од хуман аспект се договоривме да се вакцинираат и семејствата кои загубиле човек од пандемијата, потоа возрасните и хроничните болни,рече Заев и додаде:
-Јас ќе бидам меѓу првите после министерот. Јас, на крајот на денот сум еднаков како и сите граѓани. Сите знаеме дека колку поскоро ќе се прими вакцината толку побрзо ќе го вратиме животот во нормала. И јас и моето семејство со задоволство ќе ја примиме вакцината, нагласи Заев.