Статистиката за ковид-19 нѐ загрижува и нѐ допира сите, тие бројки се личности, наши сограѓани, пријатели и роднини, порача премиерот Зоран Заев.
-Неминовна е потребата од поголема заштита од коронавирусот и спречување на негово ширење. Затоа ми е драго што Собранието ги изгласа новите мерки предложени од Владата, со кои маската на отворено станува задолжителна! Иако пратениците од опозицијата го кочеа носењето на овој значаен закон и гласаа воздржано, со мнозинство гласови и одговорноста на пратениците од мнозинството вечерва Собранието ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Сите имаме удел во оваа заедничка борба. Да се бориме и да се заштитиме себеси и нашите најмили со тоа што ќе ги почитуваме мерките- напиша Заев на фејсбук.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159141110432932
Нови рекордни 870 случаи на ковид-19 беа регистрирани вчера, додека Собранието доцна синоќа го донесе Законот за заштита на населението од заразни болести преку кој стапуваат во сила мерките на Владата за носење маска на отворено и за групирање на отворен простор, како и за задолжителна самоизолација во период на тестирање.