Заев: Се разочарав од лидерската средба

Премиерот Зоран Заев истакна дека е разочаран од лидерската средба со опозицијата за Законот за ЈО, која траеше до раните утрински часови и не беше постигнат договор.

Разочаран сум од лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да успеат да ја сменат матрицата, но за жал тоа не се случи. Тие не отстапуваат од матрицата уште од Пржинскиот договор, Преспански договор. Тоа беше груевизам до доцна во ноќта. Кај Мицкоски има само едно барање – амнестија за случаите од претходниот режим. Се потрудивме да гледаме низ очите на опозицијата, но за жал без успех“, истакна Заев.

Патувај со нас, резервирај сега! Booking.com
SHARE