Народот вели „уценет човек жив ѓавол“. Така отприлика изгледа состојбата на водачите на таканаречната „Мериот коалиција“ која повика на вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ.
Нескриен е фактот дека помеѓу водачите во таа група е поранешниот шеф на ДБК, Сашо Мијалков, и поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, неколку поранешни градоначалници за кои има сомнеж за корупција и се говори за готови предмети кои се држат во фиока низ судските лавиринти, како и министри и заменици министри за кои има предмети во „депото’ на Заев. Истите имаат платено повеќе ботови кои на социјалните мрежи треба да создадат улога на конфузија на членството на ВМРО-ДПМНЕ и слабеење на партијата.
Средба Заев-Мијалков на која се договарало критика и проблеми во ВМРО и слобода единствено на Мијалков?
Вчера новинарот Александар Митовски истакна дека за процесот Таргет- Тврдина имало состанок помеѓу Зоран Заев и Сашо Мијалков на кој била договорена пресуда од 3 години за Мијалков, а на Апелација би можела да се анулира таа казна.
– Имам информација дека за процесот Таргет-Тврдина имало состанок помеѓу господинот Сашо Мијалков и господинот Зоран Заев. Состанок на кој му било предочено на Мијалков дека би требало да прифати казна од најмалку 3 години, која потоа би била спорена на Апецалија, а бидејќи Апелација била под контрола на Сашо Мијалков таа можел сам да си ја анулира, вели Митовски.
За возрат, според нашите информации, Заев побара до крајот на март да се случи најавата за вонреден конгрес, иако знаат дека тоа правно е неиздржано и нема легитимитет.
Повеќе >> Лидер