Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Стојко Пауновски беше писмено известен за сите детали и информации во врска со оправданоста и начинот на распределбата и за тоа дека не ја почитува законската обврска за преземање на дел од нераспоредените административни службеници. Нема никакви предрасуди во нашето постапување, се работи за ефикасност и хиерахиска поставеност во нашиот систем, изјави премиерот Зоран Заев и најави дека пред утрешната седница на Влада, ќе има средба со инспекторите, со цел да ги сослуша за нивната петиција против разрешување на Пауновски.
Премиерот рече дека нема никакви предрасуди во постапувањето и оти ќе ги слушнат сите аргументи, вклучително и на вработените во ДПИ.
– Состанокот е да се слушнат нивните аргументи. Јасно ги знам прописите, правилата и етичкото постапување и јасно знам каде сака оваа Влада да стигне во својата поставеност, но секако не се сметаме за најпаметни и најинформирани. Сакаме да има ред и поредок и сакаме да се почитува законот – за распределба на овие вработени, за Влада и хиерархиската поставеност и етичкиот однос, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали на утрешната владина седница ќе биде разрешен директорот Пауновски.
Се работи за добар јавен службеник, рече Заев, но нагласи дека нема да дозволи инаетење со претпоставени и неспроведување на законите.
– Апсолутно нема да дозволам неовозможување на нормалното поставување на целиот владин систем во оваа многу значајна постапка, по едно децениско прашање. Верувајте има причина за ваквиот наратив и поставеност, а тоа е ефикасност и хиеархиска поставеност во нашиот систем, рече Заев.
Повеќе >> makpress.mk