Ако вие бидете премиер, тогаш Груевски е ситен џепарош

Прочитај за: < 1 минута

Не дај Боже македонскиот народ да ви даде шанса да водите држава, бидејќи тогаш Никола Груевски ќе биде ситен џепарош за вас, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обраќајќи му се на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сите тие криминални пари коишто ги земате од разни бандити од криминалното владеење на Груевски, чиј советник бевте токму вие, апсолутно се пари за партијата и за вас. Со такви пари ги плаќате глупавите спотови и стотиците билборди низ државата. Само пусти пари ве интересираат и ништо друго – рече Заев.

Мицкоски, пак, му одговори оти не очекувал дека на толку ниско ниво ќе се спушти денешната дебата.

SHARE