Зоран Заев денеска истакна дека некои министри се многу бавни во администрирањето на проектите и дека го загубиле контактот со граѓаните и нивните потреби. Вели дека непосакуваниот резултат во првиот круг од претседателските избори не се должи на Преспанскиот договор и на Законот за употреба на јазиците, туку на разочараноста на граѓаните од одредени функционери и политики кои мора да бидат коригирани.
„Директори, министри се изгубија и отуѓија од народот, се поставија повисоко. Дел од нив не ги извршија задачите поставени на функцијата која што ја извршуваат. Неконтактирањето со граѓаните, бавното спроведување на административните постапки се причините за разочараност на граѓаните. Штом ќе дозволи законот, тогаш ќе има промени и чистка. Од денот на распишувањето на изборите до завршувањето не може да се прават никакви промени“, изјави Заев.