Службените белешки до кои дојде редакцијата на КУРИР откриваат голем скандал во кој е вмешан лично премиерот Зоран Заев.
Станува збор за случај во кој се случува кршење на закон, рушење на процедура, злоупотреба на службена должност и недозволено влијание.
Имено, КУРИР дојде до службена белешка во која се наведува дека на 14.03.2021 во 01:00 часот, на ГП „Деве Баир“ се пуштени за влез во Македонија пет патнички возила.
Според информациите до кои дојдовме, службениците имаат пријавено дека биле исконтактирани лично од премиерот Зоран Заев дека на тие возила, со патниците меѓу кои имало и деца, треба да им се дозволи влез во нашата држава.
Во редакцијата на КУРИР се познати идентитетите на сите засегнати страни, но на документите кои јавно ги објавуваме личните податоци ќе бидат заматени.
Среде полициски час, ноќта меѓу 13-ти и 14-ти март, Зоран Заев се јавува на граничниот премин „Деве Баир“ и лично дава насока да бидат пропуштени 5 возила, со образложение дека “во возилата како сопатници се наоѓаат мали деца и лице болно од астма“.
Според официјалната белешка, која потоа скандалозно трпи корекции кои ќе ги образложиме, во Македонија се пуштени два возила од марката „Бе-ем-ве“, едно „Ауди“, едно „Волво“ и еден „Мерцедес“.
Во текот на вчерашниот ден, во двата дела од полицискиот билтен овој настан не е објавен. Се отвора основен простор за сомнеж дека настанот надлежните сакаат да го сокријат, а нашите сомнежи се потврдуваат во моментов кога КУРИР доаѓа до службена белешка за ИСТИОТ настан, но со направени корекции. Името на премиерот “исчезнува“ од пријавата.
Повеќе >> infomax.mk