ВМРО-ДПМНЕ денеска од 17 часот со мирен протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ го блокира Скопје на три локации – пред Владата, пред Министерството за правда и пред Министерството за надворешни работи.
Стефан Андоновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред МНР кажа дека никогаш не ни помислувавл дека некогаш ќе се протестира за еднаш изграден идентитет кој е пренесуван со децении
– Гоце Делчев е апостолот на македонското револуционерно дело, никогаш не се борел за големо бугарските интереси за освојување на Македонија и ширење на Бугарија, тој се борел за ослободување на Македонија. Тој е апостолот на македонското движење и најголемиот Македонец и од него не смееме да отстапиме – истакна Андоновски.
Тој во своето обраќање посочи дека Владо Бучковски, Зоран Заев, Бујар ОСмани сакаат да преговараат за работи за кои не се преговара.
– Владата на Зоран Заев влезе во едно неофашистичка игра и во таа игра сака да избрише се што сме да не прогласи за дрво без корен. Владо Бучковски, Зоран Заев и Бујар Османи сакаат да преговараат за работиме за кои не смеат да се преговара и затоа доста е. Време е за оставка, оставка за срамот, за лагите кои ни ги носеа дека имаме датум за преговори со ЕУ, оставка зошто рекоа дека нема да има декларација или дополнителен договор со Бугарија, а го донесоа, оставка затоа што преговараа македонскиот јазик да биде со фуснота – потенцира Андоновски.
Повеќе >> plusinfo.mk