Точно една недела откако во јавноста осамна аферата „Рекет 2“, тешка над 11 милиони евра, а ЈО на Русковска и властите не реагираат воопшто и со своето неделување овозможуваат криминалците да го повторат делото, да влијаат врз сведоци и докази, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев и Филипче го пуштија Ден Дончев да се брани со илузорна прес-конференција, на која го призна практично целиот криминал, но реакција од ЈО нема. Реакција нема, затоа што ЈО е под директна команда на Зоран Заев. Неказнивоста на криминалот и непостапувањето на институциите во заштита на инвестициите кои обезбедуваат подобар стандард ќе има долгорочни последици. Со несериозниот третман на случајот „Рекет 2“ се испраќа поpака дека секој потенцијален инвеститор може да настрада и нема да добие правда доколку на него му се намерачи некој соработник на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека затоа е толку катастрофална состојбата со странските инвестиции, а од Македонија заминуваат и оние кои дошле.
Заев и Русковска по истиот принцип по кој ја затскриваа аферата Рекет сакаат да го затскријат и Рекет 2. Да не беше меѓународниот притисок во Рекет истрага воопшто и ќе немаше, за подоцна откако меѓународната јавност реагира во притвор да завршат само директните извршители Зоран Милески – Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева. Зоран Заев и Вилма Русковска мора да знаат дека власта не е вечна, и дека со паѓањето на СДСМ од власт одговорност за целиот криминал, како и за неговото затскривање со цел неказзнивост ќе има. Секој еден кој сега под диктат на власта врши криминал ќе одговара, велат од партијата.
Од таму додаваат дека Зоран Заев и СДСМ паѓаат и дека граѓаните ќе им го кажаат тоа на претстојните парламентарни избори.