Во текот на вчерашната вечер се одржа првата седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и , како што велат од партијата, се разгледувала актуелната политичка и економска ситуација, а биле донесени и повеќе кадровски решенија, како дел од катарзата во ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот комитет донесе одлука за именување на Владимир Нелоски за нов претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, а Тимчо Муцунски и Владимир Ѓорчев за меѓународни секретари. Иванка Василевска e координатор на централните комисии. Извршниот комитет донесе одлука за избор на Игор Здравковски за претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Велес и за распишување оглас за избор на нови претседатели на повеќе општински комитети.
„Извршниот комитет изрази загриженост за состојбата во Република Македонија со корона пандемијата, за која се констатираше дека е алармантна и актуелната Влада потфрли во секој поглед. Извршниот комитет уште еднаш констатираше дека СДСМ и Зоран Заев вршат неправди, реваншизам и насилство од мафијата предводена од Заев врз сопствениот народ и со тоа ја потврди одлуката за денешниот протестен собир за искажување на револт кон актуелната власт. Мафијата на Заев донесе насилство, прогон, криминал и корупција, а граѓаните ги доведе до раб на сиромаштија“, се вели во информацијата од ВМРО-ДПМНЕ.