Аамнестија за 27-ми април и луѓето од затворите да си одат дома, порача вчера од собраниската говорница Влатко Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-Пратеници од СДСМ, ќе гласате за лице амнестирано во “Мавровски работници” да биде МИНИСТЕР, а ДЕСЕТИЦИ луѓе се во ЗАТВОРИ осудени на 250 години. Да си одат ДОМА кај своите семејства. Слобода, порача Ѓорчев.
Инаку, новиот министер без ресор Хисен Џемаили е обвинет во случајот „Малтретирани градежни работници од Маврово“.
И сето ова би било во ред и легитимно барање од страна на Влатко Ѓорчев, доколку историјата беше поинаква. Имено, многу добро е познато дека по превземањето на власта од страна на СДСМ во 2002 година, тие први направија коалиција со партијата ДУИ, која беше политичко крило на ОНА во Македонија.
Но, имаше едно но. СДСМ јасно и гласно кажа дека во владата нема да става луѓе кои држеле пушка во рака.
Потоа, во 2006 година победи ВМРО-ДПМНЕ, па во договор со ДУИ даде амнестија за обвинетите од ОНА,м па почнаа да ги ставаат за функционери. Значи токму власта на Груевски и тој како премиер го ставија Талат Џафери за министер и тоа ни помалку ни повеќе за Одбрана!
А Влатко Ѓорчев, ако не се лажеме беше пратеник кога Талат се гласаше во Собрание?