РЕПУБЛИКА СЕВЕРЕН БАНГЛАДЕШ!!!
08.04.2020 година
Реисот Реџепи со јавна закана до вицепремиерот Бујар Османи и до Владата дека ако не ѝ помогнат на ИВЗ, таа ќе ја повлече забраната за собири и тогаш нема да има сила што ќе може да се бори против епидемијата со коронавирусот, па ќе станеме Бангладеш.
11.04.2020 година
Осквернавени православните гробишта во Камник
13.04.2020
За време на пандемија, жители на село Синѓелиќ за време на полициски час протестираат бидејки за време на полициски час биле приведени три лица! Пристигна и градоначалникот на Гази Баба, МВР ги пушти лицата по што протестот заврши! Заразени здравје, ќе се пребројуваат!
Ова се само последните жешки вести од тоа што ни се случува и во какво општество живееме, за жал сето ова се случува пред очите на Брнс, Тимоние, Герберих, Галовеј, Жбогар и останатите и тие мирно и со поддршка ја гледаат тортурата што силното малцинство му ја прави со години на тивкото мнозинство кое е во исчезнување. Не сум националист ниту сум шовинист, ваквите и слични вести ги слушам од почетокот на 90-сетите години од времето кога на сите се им се дозволи. Ваквите вести дојдоа пропратени со жртви наши македонски чеда кои немаше да изгинат во толкав број можеби и 10 војни да водевме. Веќе 30 години се трпи овој терор и насилство, државата со години има власт која нема власт врз државата, постојат и закони, за кои силата е поголем закон.
Македонија стана Северна бидејки странците беа посилни и од уставот на државата, сега следува Бангладеш…
Ваквите изјави од првиот човек на Ријасетот се многу сериозни и заканувачки и после сите настани во минатото треба да бидат третирани соодветно од страна на Јавното обвинителство и МВР, но од таму никаква реакција! Тоа што имаме обвинителство е само за обвиненија против продавачите на коприви во близина на Зелениот пазар, не и за суштината на државата и државноста!
Ако е точно дека Реисот Реџепи според она што го пишува на веб страната на ИВЗ (Исламска верска заедница во Скопје), дека тој лично Сулејман ефенди Реџепи како претседател на ИВЗ е “живо раководство на муслиманите, модел на лидер кој инспирира совршено лидерство кон решавање на многу проблеми како религиозни, така и национални” … тогаш со упатените зборови дека ќе станеме Бангладеш и заканата до највисоките претставници и Владата од него како претставник на Здружение на граѓани “Илмије” под кое е регистрирана ИВЗ -Скопје и кое брои илјадници верници, е јавна закана до сите граѓани на Македонија без оглед на која религија припаѓаат или се атеисти!
Заканата дека ИВЗ-Скопје Здружението “Илмије” односно нема да почитува официјални мерки на државата за заштита на своите граѓани во денови на епидемија кога Македонија е лидер во регионов по заразени и починати лица е најмалку најава и закана за терористички акт од највисок ранг сличен на заканите на на исламските терористи со закана дека “голо месо-исламисти” како бомбашите од Шри Ланка лани за време на Велигден ќе излезат по улиците и ќе ја загрозат сигурноста и здравјето на сите нас.
Не случајно е избран Бангладеш и не случајно заканите ги кажува Реис! Во 1906 год. во Бангладеш како дел од Пакистан е основана Муслиманската лига, политичка организација на муслиманите во Британска Индија која барала поделба на Индија и основање самостојна муслиманска држава, а во 1947 год. е прогласена Исламска Република Пакистан од два потполна различни групи граѓани меѓу кои постоеле многу остри политички спротивности и која низ годините подоцна барал се поголема автономија, а важно е да се спомене дека и во Бангладеш имало Уставни промени за да исламистите ја постигнат својата цел!
Сетете се на Рамковниот договор, Албанските знамиња низ Македонија, државен јазик, наметнување на мислење дека се обесправени во Македонија, напади од терористички групи и зазамање на територии во повеќе наврати актите и дејствијата на терористичката организација ОНА, подоцна Арачиново, Куманово без вода, па кумановско Диво Насеље и убиство на деца на ден Велики петок кај Смилковското езеро пред Православниот Велигден. Сега не случајно е дадена ваквата закана една недела пред Велигден како потсетување на силата која стои зад Реизот Реџепи! Ако мислите дека тој ја дава ваквата закана до вицепремиерот Османи и тоа токму на албанска телевизија на 360, која без задршки ја објавува веста заради осудување, се лажете, но се лажете и ако мислите дека Бујар Османи не знае и не е дел од монструозната закана, тој многу добро знае како чиј наследник е и самиот ако се земе дека ОНА во 2001 е претходникот на ДУИ која е на власт цели 20 години и ги остварува сите цели за кои се бори и им се поклонува Реизот, сега остана уште Бангладеш.
Обвинителството молчи како кротко мачорче иако одговорност има, но за жал ова обвинителство на чело со Јовевски нема кредибилитет да постапи бидејки им служи на целите кои вчера ги прокламираше Реисот и нема сила која ќе го запре, а верувам ќе му се приклучат и исламските политички партии!
Наместо Јовевски веднаш да покрене постапка најмалку за 5 кривични дела тој се ставил во самоизолација облечен во новите фармерки од Солун и удобно сместен во куќичето на својата љубовница портпаролката на претседателот Пендаровски. Кривични дела има, но нема кој да го отвори Кривичниот законик, дури и заспаниот Камбовски се буди само на тастер ако треба со законот да ги нападне патриотите кои го штитеа името Македонија на неуспешниот референдум организиран од Владата на Заев и СДСМ.
Наместо Ефенди Реџепи да одговара за ИЗНУДА од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик бидејки тој со намера за себе или за друг прави обид за ова кривично дело во состав на здружението “Илмије” од Скопје односно ИВЗ-Скопје да прибави противправна имотна корист со сила или со сериозна закана (ширење на епидемија по наредба на верски поглавар) така што ја присилува Владата да ја помогне парично ИВЗ на штета на Буџетот на Република Македонија, пари од граѓаните да се исплатат на верско здружение, за кое дело обидот согласно член 19 од Кривичниот законик е казнив бидејки казната е затвор најмалку една година, а највеќе 20 години!
Јовевски можеше да покрене постапка и за НАСИЛСТВО СПРЕМА ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАЈВИСОКИТЕ ДРЖАВНИ ОРГАНИ од член 311 од Кривичниот законок бидејки Реисот со својата закана за Македонија да ја стори Бангладеш со ширење среиозна заразна болест и пандемија која има сериозни жртви Прави обид со тоа да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија и сите граѓани користејки жива сила исламистички верници со сериозна закана кон највисоки владини претставници да ги присили финансиски да ја поддржат ИВЗ и Зсружението Илмије со што ќе исплатат средства во вршењето на нивната должност како претставници на Владатакаде казната е исто така затвор од најмалку четири години, а највисока 20 години!
Ниту Јовевски презеде нешто ниту Камбовски излезе да реагира дека најмалку со изјавата на Реисот се работи за кривично дело НЕПОСТАПУВАЊЕ СПОРЕД ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОПИСИ ЗА ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈА од член 206 од Кривичниот законик бидејки Реисот и здружението ИВЗ Илмије од Скопје за време на епидемија на Ковид 19 како опасна заразна болест според стандардите и мерките на СЗО прави обид за саботирање и за не постапување според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање на заразната болест или нејзино спречување, како темпирана бомба на верници Исламисти (Џихад) која го чека знакот на реисот, што може да има и подалекусежни реперкусии во општеството, како Загрозување на сигурноста на сите граѓани во Република Македонија од член 144 од Кривичниот законик сторено врз основа на верска команда, а казни се предвидени у за тој што повикува и за правното лице во чие име истапува!
Зошто обвинителот Јовевски или пак неговите послушници Русковска, па дури и онаа јада од човек кој го води скопското Основно јавно обвинителство Сашо Рајчев не ги спрегнаа послушниците обвинители да допре гласот до нив за кривичното дело кое го прави Реисот Реџепи од член 205 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик ПРЕНЕСУВАЊЕ ЗАРАЗНА БОЛЕСТ бидејки тој којшто со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или држење на лице кое боледува од заразна болест, за што е очигледно дека Реисот има сознанија за точно определени болни лица од Ковид 19 се заканува дека Македонија ќе ја претвори во Бангладеш и со тоа предизвика пренесување на заразна болест за кое законот предвидел лицето кое прави ваков обид да се казни со парична казна или со затвор до три години. Ако како последица од делото од став 1 е пренесена неизлечива заразна болест, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
И на крајот но не и последно Кривичниот закон изделкан по мерка на Камбовски и на Јовевски не го содржи само кривичното дело ТЕРОРИЗАМ против македонски патриоти во сопствената држава да лежат во затвор за сопствените но и вековни идеали на македонецот, па еве видовме дека веќе 20 години исламистите и сепаратистите во Македонија се недопирливи за законот и иако едвај 13 процентно гласно малцинство го тероризираат целото население во Република Македонија на секаков па и на најподмолен начин рушејки ја државата и вековната борба на Македонија и Македонецот да живее мирно и да опстои како суверена држава на Македонскиот народ, бидејки друга нема. Се прашувам каде се пикнати сега Јовевски, Вилма, Рајчев, Камбовски да покажат со прст кон Реисот кој во договор со Албанските фундаменталисти прават кривично дрло ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ОМРАЗА, РАЗДОР ИЛИ НЕТРПЕЛИВОСТ ВРЗ НАЦИОНАЛНА, РАСНА, ВЕРСКА И ДРУГА ДИСКРИМИНАТОРСКА ОСНОВА од член 319 од Кривичниот законик или ТЕРОРИЗАМ од член 394-б од Кривичниот законик, извршено со намера за загрозување на животот и телото и создавање чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку 8 години или со доживотен затвор, бидејки со оваа присилба кон Османи и Владата го малтретираат ја загрозуваат сигурноста, и ги излагаат на подбив сите национални, етничките, верските и други чувства на сите граѓани дискриминаторски непосредно или посредно предизвикуваат и разгоруваат омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на религија или верско уверување злоупотребувајки закана со здравствена состојба, за што се предвидени сериозни затворски казни!
Да не зборуваме кој и како ги финансира таквите организации за да извршуваат вакви цели во смисла на член 394-в ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ од Кривичниот законик.
Да беше Македонија сериозна држава и воопшто да беше држава сега овој Реис и неговиот пријател во Владата вицепремиер, како и сите фундаменталисти ќе беа веднаш сместени во затворска ќелија, по принципот на Американските агенции за борба против тероризам, а не да заговараат Исламска Република Бангладеш!
Уште една “маченичка” недела изминува во ова лето господово 2020-то!
Црквата ги трие рацете, си молчи и таа ќе добие дел од колачот…
А Наќе, Наќе, а што да се каже …