Порталот Вечер.мк го објавувува извештајот на Комисијата за јавни набавки, кој генералниот секретар и владата не ѝ го покажуваат на увид на јавноста. Во него се содржани низа законски прекршувања што ги констатирале и членови на Комисијата, а е потпишан од генсекот Драги Рашковски. Документот не е означен како класифициран, па нејасно е зошто се крие од јавоста. Исто така, нема податок дали е во согласност со ЕУ регулативата или не. Ова се пропустите само на првата страна од извештајот кој Вечер.мк ексклузивно го објавува.
Анализа на извештајот на Комисијата за јавни набавки
Извештајот е усвоен од Владата на 29 октомври годинава и донесена е одлука да се избере Сархемс, кога овој извештај го добива и архивскиот број. Генералниот секретар Рашковски на брифингот со новинарите напомена дека 5 компании се јавиле на јавниот повик. Во извештајот што го потпишал пишува дека пристигнала само една понуда и тоа од Сархемс. Дали уште во текот на постапката некој им сугерирал на другите компании да се откажат или Рашковски не ја кажува вистината, засега останува непознато.
Фирмата Сархемс, формирана само 24 дена пред јавниот повик, успева да достави документ дека во последните 5 години има завршено слична работа како ова јавно-приватно партнерство и дека има авиосертификат ТЦДС, благодарение на конзорциумскиот настап. Со внимателно читање на извештајот, се забележува дека потврдата дека Сархемс има завршено ваква слична работа во последните 5 години, е доставена по завршување на рокот на 10 октомври, односно на 16 октомври и повторно некој морал да констатира дека тоа е законски.
Недостига финансиската конструкција во овој извештај.
На 36 страница во извештајот, некој констатирал е дека понудувачот Сархемс навреме ги доставил сите документи кои ги барала комисијата од него.
Но, половина пасус подолу, во издвоено мислење, двајца членови не се согласуваат со овој извештај, и даваат одвоени мислења, по што недостигаат и потписи на членови на комисијата.
Едното од издвоените мислења е класифицирано и не е ставено во овој извештај, додека второто е делумно ставено.
Еден од членовите на комисијата наведува дека Сархемс не ги доставиле сите потребни документи во предвидените рокови, односно и потврдата дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење дејност и управување – е доставенa по рокот, 10 октомври.
На 37 страница изводени се и мислењата од институции, кои не се ставени во прилог на овој извештај.
Комисијата за јавни набавки констатира дека за да се утврди дека е законски моделот за плаќање кој го предлага Сархемс, мислење мора да дадат: Министерство за транспорт, М-НАВ, АЦВ, Јавно претпријатие за државни патишта. Но, мислењата се класифицирани и не се ставени во овој документ усвоен од Владата.