24-годишната актерка Милена Радуловиќ, жртва на сопственикот на актерското училиште 69-годишниот Мирослав Мика Алексиќ, кој е осомничен дека ја силувал и сексуално ја вознемирувал, но и уште пет други девојчиња кои биле негови ученици, зборуваше пет часа во Вишото обвинителство во Белград за ужасната сексуална злоупотреба низ која минувала.
Како што неофицијално дознаваат белградските медиуми, девојката која прва го пријави познатиот режисер, до најситни детали се присетила на ужасот низ кој поминувала, а на моменти, додека зборувала за болните настани, плачела.
ена Радуловиќ зборуваше детално, јасно, конкретно и многу прецизно за болните спомени. Таа рече дека започнала во училиштето за глума, кое било познато, кога имала 11 години. Шест години подоцна, во октомври 2012 година, за прв пат, од човекот што им ги држел часовите, ги учел на однесување и бил авторитет, го доживеа она што не можеше ни да го замисли, да биде сексуално злоупотребена, открива изворот на српски „Курир“.
За време на сведочењето, според изворот, актерката објаснила дека сите ученици на Алексиќ трпеле навреди и прекори, изјавувајќи дека тој бил строг и суров, но таа не оспорила дека тој ги учел и на добри навики на училиште, да читаат и да ја почитуваат религијата. Според неа, групата на Алексиќ било нејзиното второ семејство, во кое го доживеала најлошиот кошмар.
Повеќе >> a1on.mk