Додека не излезе вакцината, ние ќе го имаме „светото тројство“: носење маска, одржување дистанца од метар ипол или два и задолжителна дезинфекција на раце.
Вака министерот за здравство Венко Филипче одговори на прашањето дали следните денови може да се очекува укинување или барем намалување на полицискиот час, откако бројките на новозаразени се намалуваат.
Тој објасни дека и натаму на сила остануваат тнр. меки мерки каде основата е носење заштитна маска.
Информира дека утрово на кризниот шттаб се разговарало за постепено враќање на животот во нормала, но тоа би можело да се разгледува дури од следната недела.
„Имајќи ја предвид фазата во која сме и намалениот број на пациенти последователно неколку дена, како и факторот R0 на територијата на цела држава и посебно во повеќе региони каде тој фактор е под единица, епидемијата стивнува и мора животот да се врати во нормала. Носењето на маски ќе мора да продолжи дури и во услови на скратување на полицискиот час, бидејќи така ќе се спречи ширењето на вирусот од асимптоматски носители“,
рече Филипче.