Некогашниот сопственик на А1, Велија Рамковски за тв 24 вели дека со бомбите се докажува тоа што и претходно на сите им било јасно. Дека Груевски ја затвори телевизијата. Рамковски сега бара повторно судење.
„Овие бомби го покажаа тоа што целиот народ го знаеше, дека Груевски исплете мрежа, пајажина за затворањето на А1. Во затворот, затворениците, службениците, полицајците, немаше некој на кого не му беше јасно дека сме затворени од Груевски.
А целта беше, цел тој театар затворање на А1 и од овие разговори баш се гледа тоа негово оркестрирање на целиот тој случај. Јас се надевам дека во овие демократски услови, по падот на Груевски, бараме само повторно судење, чесно судење. Не велам виновен-невин.
Сакаме повторно судење каде што ќе може да се види реалната причина за цел тој судски процес“. – изјави Рамковски.