Статус на Ване Цветанов:
Не знам чив е статусот, му се извинувам на авторот што нема да го потпишам неговото име, а ако се појави ќе го допишам ?
Значи да заклучиме за изминатите 3 години:
– Влез во НАТО.
– Едногласно ДА од сите земји членки на ЕУ за преговори.
– Покачени пензиите.
– Покачена минималната плата.
– Тројно зголемена социјалната помош.
– Покачени платите во полицијата.
– Покачени платите во армијата.
– Покачени платите во образованието.
– Покачени платите во јавната администрација.
– Покачени платите во градинките.
– Покачени платите во приватниот сектор со мерката за субвенционирање на придонесите.
– Редовно исплатени, по досега највисока цена по предаден род како и субвенции, земјоделците.
– Решен проблемот на 12.000 стечајци до пензионирање.
– Покачени платите во здравството, воедно, за време на министерот Венко Филипче, здравствените работници добија почит каква немале досега.
Сето ова погоре, реализирано, најголем дел без да побараат синдикатите, без никакви задолжувања за исплати на плати и пензии..
За на крај, да ги слушаш, дошло време за “обнова” !? Дојдено било времето, тие ќе не врателе во нивното време, ќе не “обновеле”.
Не сте вие криви што “џавкате”, Заев е крив што ви дозволи да “џавкате”..