Во врска последните случувања под капата на Обивинителството за организиран криминал под водство на обвинителката Вилма Рускоска, Ване Цветанов од Здружението Зелена Лупа и поранешен прв човек на Агенцијата за спречување на перење пари и финасирање на тероризам објави коментар на својот ФБ профил:
Според Јавната обвинителка, немало докази за Катица Јанева, а Орце Камчев не го третира кривично за давање пари за поткупи.
Како да замижиме на ова кога Вилма Рускоска држи инает и ја опструира правдата во случаите:
1. Ликвидација – каде што не дава да се повлече фабрикуваното Обвинение против Томислав Кежаровски, Валентин Зафиров и останатите обвинети.
2. Змиско око – не дозволува да се повлече Обвинение кое е засновано на вештачење направено од вештак КОЈ ШТО НЕМАЛ ЛИЦЕНЦА.
3. Калдрма – истата состојба како и во Змиско око.
4 Детонатор – осудени луѓе на 100 години затвор за некаков обид за убиство на човек кој нема ни гребнатинка, а обвинението е базирано на лажни сведоци.
5.
6.
7.
…
…
…
Има уште многу предмети каде што ПРАВДАТА Е БЛОКИРАНА!
Со двојните стандарди на Вилма Русковска, жртвите на политички монтираните процеси можат слободно да ја заборават правдата.
Од Вилма можат да бидат задоволни Орце Камчев и слични моќници.
Обичните граѓани нека заборават на правда, а жртвите на режимот нека заборават на испорачување на ВЕТЕНАТА ПРАВДА!
https://www.facebook.com/cvetanovvane/posts/2113665808926540