Ванчо Орданоски, брат на новинарската ведета, Сашо Орданоски, претера со своја некрофилност и говор на омраза. ОЈО заедно со МВР мора веднаш да постапи кривично да го санционираат овој човек, пренесува Канал 5.
Да се ужива во смртта на човек, независно дали или не припаѓа на неговата политичка идеологија, убедување, конфесија, логика на живеење или страст кон одреден спорт е ништо друго од некрофилија.
Човекот е бизнисмен, има име и презиме – а тоа е Ванчо Орданоски, и е брат на ведетата од нашите новинарски кругови, Сашо Орданоски, кој едно време со Борјан, Чом и Јадранка беа „окосницата“ на сега веќе згаснатата 1ТВ на Боки 13.
Но со овој Твитер пост Ванчо Орданоски ги надмина сите нормални вкусовни, но и законски лимити – „Еден по еден се требат“, е бестијална фраза која мора веднаш кривично да се процесуира. Како се чувствува сега семејството на починатиот Бојо Андрески? Како се чувствуваат припадниците на компаниите на упокоениот?
Кога треба да се „помириме“ помеѓу себе и да го совладаме невидливиот сртоосен непријател – Ковид-19, на вакви ликови не смее да им се дозволат вакви писанија – мора да бидат сместени на вистинско место!
Владата треба да знае дека доколку почне преговори со ЕУ првиот кластер е ВЛАДЕНИЕ НА ПРАВОТО. Еве шанса да потврдите дека го владеете и вие како Влада, но и ние како медиуми кои треба да бидеме “watchdogs”
МВР и ОЈО вие сте на потег! Сигурно знаете каде е Ванчо…тука е некаде.
Извор: kanal5.com.mk