Бизнисменот Трифун Костовски му го предава на својот син, Коста Костовски, управувањето со целата групација од негови компании, ГОФИ, кои преостанаа откако врз Еуростандард банка беше отворена стечајна постапка, и сега ќе следува процес на намирување на доверителите од стечајната маса, пренесува Фактор.
Во вчерашниот број на Централниот регистар беше наведена промена во раководството на групацијата на неговите семејни бизниси, ГОФИ, или со цело име ГОФИ Група за финансии и инвестиции СА од Мелиде, Швајцарија, претставништво Скопје.
Односно, како овластено лице или управител на Групацијата ГОФИ отсега па натаму ќе настапува Коста Костовски, син на бизнисменот Трифун Костовски, наместо досегашниот долгогодишен управител Емил Ханџиски, кој е избришан од позицијата овластено лице на Групацијата ГОФИ.
Повеќе >> Фактор