Новинарот Бранко Тричковски во интервју за бугарската агенција БГНЕС дава свое видување за „новата расправија меѓу Скопје и Софија“:
„Новата полемика се однесува на историското наследство, за кое Ворен Бафет и јас не би дале ниту пет центи, доколку Бојко Борисов и Зоран Заев решат да ја стават оваа вредност на Њујоршката берза“ вели Тричковски.
„Но, просечниот Македонец и просечен Бугарин повеќе би се согласиле да ги дадат своите жени отколку Гоце Делчев и атрактивните и облечени како за фотосесија чети на ВМРО. Тука важи обратнма логика од онаа во финансискиот свет: Колку е помала вредноста на историскиот капитал, толку е поголем потенцијалот за конфликт.
Тврдам дека секој современ доктор, добар новинар или успешен фудбалер е поважен за Бугарија и за Македонија од сите вештачки надуени фигури и настани, отколку сите фолклорни фигури кои ги гледаат од Пазарџик се до Охрид. Тоа се неписмени луѓе – ако им ги одземеме нивните мемоари, сите заедно тие немаат напишано ни три реченици.
Денес, сите овие луѓе би биле товарачи на камиони или крадци и шверцери на мало – тоа е инспирација за кавгата. Добро, Сарафов веројатно ќе беше некој богат човек со „масерати“ и толку.
Бугарија ја користи својата позиција во Европската унија за да откине дополнителен дел од ова „богатство“, но не само од ова наследство, туку и од парите на Унијата за обновување на економијата погодена од агресивниот коронавирус. Дури мислам дека вториот елемент е поважен за неа – за инвестиции во енергија, на пример, затоа го одржува отворено македонското прашање.
Во Македонија, сè повеќе сфаќаат дека Бугарија е во право за голем број историски теми, но, се разбира, загубите од ова треба да бидат што е можно помали“ оценува Тричковски.
„За разлика од сите, мислам дека работите одат добро. Гоце, кого Македонците го сметаат за важен учесник во неговата историска реализација, ќе биде прогласен за Бугарин. Сите овие луѓе се бореа за ослободување на Македонија како бугарска територија, но митот што го оставија зад себе стана еден од двигателите, благодарение на што Македонија се ослободи и се конституираше како македонска.
Тоа е таа заедничка историја, во која има многу бугарски слоеви што доведоа до македонскиот производ. Јас би ја споредил со македонска пица направена од бугарски состојки’ вели тричковски за БГНЕС.
Целото интервју на следниот ЛИНК.