Резиме за Оставштината (the legacy) на Трамп
Познатата средновековна фраза “The king is dead, long live the king!“ може слободно да се примени и во случајот со Трамп – “Трамп е мртов (политички) да живее Трампизмот“. Трамп не го пресуши блатото туку бидна удавен од него. Лично сметав дека ќе се најде некој “општествен ешалон“ кој по секоја цена ќе инсистира на вистинските резултати од Ноемвриските претседателски избори дури и при ризик да замириса барут. Но што е тука е, дел од елитите (не сите, поделбата и таму е огромна) го одбраа овој пат.
Нажалост, Трамп не остави опипливи резултати за Америка, посебно не за своето гласачко тело. Браво што не почна нови војни и што покажа опипливи економски резултати до пред почеток на пандемијата. Но, со само неколку екзекутивни одлуки Бајде веќе му ги демонтира (во иднина уште повеќе) резултатите од првиот мандат. Нелегалната имиграција, договорите за копање на домашна нафта/ гас, повлекување од глобалните организации (СЗО, Париски договор). Дури и ѕидот кон Мексико е прашање дали ќе се заврши.
Накратко каде се грешките на Трамп.
1. Трамп многу лесно се дистанцираше од Генералот Флин, а богами и од сите негови сојузници под нападите на мејнстрим медиумите, фејк активистите и пристрасниот судски систем (Роџер Стоун, Манафорд). Требаше да се држи до нив по секоја цена!
2. Трамп МОРАШЕ на позиции да инсталира ЛОЈАЛИСТИ а не експерти или генерали кариеристи, кои му забиваа нож во грб при првата кривина. Дилемата во овој дел ми е дали кадровата политика му била наметната од советниците
3. Трамп не успеа да најде начин МАГА од фолклор да премине во ДВИЖЕЊЕ (не партија)
4. Комплетно фијаско со декласификацијата на Раша Гејт и другите афери на политички монтажи. Многу веројатно е дека е направен дил со службите на Британија, Италија, Австралија кои ДИРЕКНО беа вклучени во монтировката со досието на Кристофер Стил.
5. Крах со недавањето на амнестија на Џулијан Асанж, Едвард Сноуден. Пропуштена можност дирекно да им плукне во лице на дип шит. Исто така неотварањето на фајловите за Кенеди, па UFO програмите, му оставаат темна дамка на неискреност.
Едно од ветувањето во првиот мандат за сушење на мочуриштето беше и ограничување на мандатите на конгресмените и сенаторите. Очигледно претешка задача КОНСЕНЗУАЛНО БЛОКИРАНА и од Републиканците и од Демократите.
Трампизмот е во потрага по нов лидер. Сигурно ќе биде пронајден, нема вакуум простор во политика. И новиот лидер ќе биде нестандарден лик, некој како Дон Џуниор, Такер Карлсон и слично.
Светот е променет, само на ментален слепец тое не му е видливо. Конфликтите во Америка ќе се заоструваат, не поради милитантноста на the deplorables (атрибут на Хилари), туку дека има различни но моќни “интересовни групации“ кои имаат различен светоглед на нештата.
Автор: Трајче Петрушев – аналитичар и одличен познавач на американската политика