Доналд Трамп им беше добро познат на Американците како бизнисмен и ТВ ѕвезда кога во 2016 година оствари изненадувачка победа како кандидат на Републиканската партија. Сега бара втор претседателски мандат во изборната година во која е многу извесна неговата победа иако истата е пропратена со пандемија на коронавирус и вештачки предизборни немири организирани од радикалната левица олицетворена во името на Демократите.
По превземање на Претседателската палка во негово време се постигнати едни од најдобрите резултати во економијата на САД, особено кога изврши регулаторна гиљотина со укинување на многу регулативи кои му пречеа на бизнисот и особено со намалување на корпоративниот данок од 35% на 21% што беше клучен мотив за многу компании кои претходно беа пребегани во други држави со порелаксирана даночна политика како Кина, своето производство да го вратат во САД, а тоа значење зголемување на бројот на новоотворени работни места и зголемување на платите.
Во време на владеење на Доналд Трамп економијата на САД бележи историски најниска стапка на невработеност како онаа од 1961 година, пропатена со историски најниска стапка на црнечко население и историски најниска стапка на невработено латино население, нешто со кое ниту еден од неговите претходници не можат да се пофалат. Уште едно историско достигнување кое не му успеало на ниту еден претходник е отворање на повеќе од 100.000 работни места на месечно ниво во низа од 16 месеци. Претходниот рекод бил 8 месеци во низа со над 100.000 работни места.
Токму овие резултати се сигурна гаранција и очекување дека Доналд Трамп ќе биде по втор пат Претседател на САД. Ова е особено извесно ако се има предвид дека за негов противкандидат го има Џо Бајден, еден од најнеуспешните политичари од редот на Демократите пропратен со низа скандали за него и неговата фамилија, за кого сеуште не е потврдена неговата ментална здравствена состојба и можноста истиот да биде во состојба да ја превземе најмоќната позиција во светот.
Напомена: Овие факти не можете да ги најдете во мејнстрим медиумите на САД, како CNN, NYT, Wa-Po, MSNBC, NBC итн. бидеќи тие се најголеми поддржувачи на Демократите и отворено пропагираат за смена на Трамп.