Статус на Тодор Петров:
„Македонија не пати од дефицит на демократија, туку од суфицит на врховизам. А, врховизмот не е етничко, туку геополитичко прашање.
Врховизмот е сервилност на определена номенклатура, која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт во Македонија бара од некоја друга и туѓа централа, од некоја соседна метропола. Нивното гесло за работа е:
Дајте ни нам мандат, ние ќе ги исполниме вашите желби кон Македонија, Македонците да ги нема! Врховистите не се демократи, туку колаборационисти! Иако во основа се Македонци, тие се поголеми Бугари од Бугарите, поголеми Срби од Србите, поголеми Грци од Грците, поголеми Албанци од Албанците,.
Притоа не смееме да заборавиме, дека историјата секогаш ја пишуваат победниците, ок упаторот на оку пираната територија прво организира матична служба и катастар. Се менуваат личните имиња на оку пираните, се менува топонимијата и на крај тапиите се издаваат на име на окупаторот. Во Македонија на исти парцели ќе најдете тапии од времето на различни окупатори: И отомански, и германски, и бугарски, и српски, и грчки, и албански, и италијански…
Затоа, денационализацијата се вршеше само врз основа на присилните закони за национализација од 2 август 1944 година! Да се избегне ризикот, на една катастарска парцела да се јават повеќе сопственици со тапии од разни окупатори на иста земја!
И очекувано, за Софија и софиските врховисти: Македонците во Македонија се српска експозитура, а во Бугарија српска агентура. За Белград и белградските врховисти, пак, Македонците се бугарска експозитура и агентура во Македонија, затоа што за нив Македонија е “стара Србија“ а Македонците се срби!
Во времето на Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски беше дежурен бугарофил. За Љупчо Георгиевски, пак, Бранко Црвенковски беше дежурен србоман. Но, Зоран Заев денес е поголем Бугарин од Бојко Борисов.
Денес Љупчо Георгиевски е во коалиција со СДСМ. И да биде иронијата поголема, откако Зоран Заев потпиша Договор со Бојко Борисов на 1 август 2017 година за ревизија на македонската историја и редефинирање на Македонската држава (како продолжение на велепредавството меѓу Никола Димитров и Никос Коѕиас од 17 јуни 2018 година), со кој Софија бара ревизија на македонската историја, дека Македонците се Бугари, Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, дека во Бугарија не постои македонско малцинство и дека Бугарија не извршила фашистичка окупација врз Македонија за време на Втората Светска Во јна, или вето за одржување на Меѓувладина конференција на Македонија со Европската Унија, Љупчо Геогиевски како пратеник на Зоран Заев, замина за Софија да го реши бугарското вето врз Македонија!
Не’ држи умот од заборавот, Љупчо Георгиевски својата појава на македонската политичка сцена ја започна со фалангите на Александар Македонски до Кина и Индија, на крајот заврши со бугарско државјанство во Софија! Може ли да се очекува Љупчо Георгиевски да ги “затопли“ односите меѓу Скопје и Софија ако самиот за себе вели дека повеќепати бил “адвокат на Бугарија во Македонија?!“ Љупчо Георгиевски ги прифати и договорот со Атина и договорот со Софија!
За него и за Доста Димовска, античката историја на Македонија и семакедонското шеснаесет-зрачно сонце, откако го избришаа од партиските книшки, беа грчка пропаганда во Македонија. За Љупчо Георгиевски одамна е прифатлив бугарскиот ултиматум, дека Македонците се “бугари“, Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, Македонија е дел од Бугарија, дека во Бугарија нема Македонско малцинство!
Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата дводневна посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Красимир Каракачанов и со генералниот секретар во кабинетот на престедателот Румен Радев, Димитар Стојанов, а притоа имаше интервјуа и настапи за повеќе медиуми.
И имавме што и да чуеме од неговото интервју за бугарската агенција БГНЕС. За влошување на македонско-бугарските односи, какви што тој сака да бидат во светлина на неговата диоптрија за Македонците и за Македонија, ја обвини “длабоката држава“ во Македонија!
Впрочем, Љупчо Георгиевски не замина во Софија како адвокат на Македонците и Македонија, туку да ги убеди Бугарите како полесно да ги остварат нивните барања да бидеме полесно Бугари и дел од Бугарија, како што тој од премиер на Македонија стана “етнички Бугарин“ запишан во диптихот на Санстефанска Бугарија во Софија.
Еве ги поентите од неговите адвокатски услуги во Софија…
Љупчо Георгиевски смета дека бугарското вето ќе нанесе голема штета на двете земји и ќе ги “мобилизира просрпските сили во Македонија“, што воопшто не е точно!
Љупчо Георгиевски заборава, дека Македонија не се оттргна од прегратките на Србија по дисолуцијата на поранешна СФР Југославија, за да седне во скутот на Бугарија, туку да биде суверена и самостојна држава Македонија!
Суверена и самостојна држава Македонија не е антибугарска доктрина или реторика, туку универзално право на самоопределување и самоидентификација! Никој нема ексклузивно право на историјата! Никој не поседува лиценца за монопол врз вистината, науката и историјата!
Самоопределувањето и самоидентификацијата не е само право на самопотврдување на етничкото потекло, туку право на сопствена историја!
Патем, Македонците не се креација на Коминтерната и Сталин, ниту на Комунистичката партија на Југославија и Тито, воопшто пак не се креација на Јован Цвијиќ (1865-1927) претседател на САНУ и ректор на Белградскиот универзитет и на Стојан Новаковиќ (1842-1915) српски министер за правда, за внатрешни работи и премиер на Србија.
Точно е, Јован Цвијиќ сметал дека Македонците се “јужни Срби“, а Македонија е “стара Србија“, Македонскиот јазик е дијалект на српскиот јазик! Речиси инверзно на Красимир Каракачанов, Божидар Димитров и Софија кои мислат: Македоцните се “бугари“, Македонија е дел од Бугарија, Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик…
Но, Стојан Новаковиќ го прифатил постоењето на Македонците, не затоа што не ги сметал за срби, или како формула за асимилација на дел од Бугарскиот народ во Српски, туку за Србија да не ги изгуби како Бугари, ако Белград продолжи со агресивните асимилаторски политики во Македонија. Но, тоа воопшто не е аргумент дека Македонците биле или се “бугари“! Македонците отсекогаш се бореле против пропагандите на своите соседи во нивната намера за денационализација и асимилација!
За да се ослободи од вина дека тој е бугарски државјанин, односно “бугарин по потекло“, во интервјуто за БГНЕС, Љупчо Георгиевски вели дека денес, “добивањето бугарски пасош е нормално и не е критикувано“, дека “музичарите знаат бугарски и сега во Македонија може да се слушнат не само српски туку и бугарски песни“.
Бугарскиот пасош, се разбира, не е ненормална постапка, но абнормалноста е во тоа што Софија со злоупотреба на нејзиното членство во Европската Унија, од сите на кои им дава бугарски пасош за полесно да заминат во Западна Европа а не да останат во Бугарија, им бара изјава дека се “бугари по потекло“, заедно со претците од нивните фамилии, што е преседан во светската историја на државите и нациите!
Љупчо Георгиевски дури не го демантира БГНЕС, кој вели “Гоце Делчев бил бугарски револуционер, кој се борел против српската војска“(?!) што е далеку од здравиот разум! Па, Ванчо Михајлов во кој се крстат и Љупчо Георгиевски и Софија бил српски даночен инспектор во Штип! Е, го прави ли тоа повеќе србин отколку бугарин, иако во основа е Македонец?
Љупчо Георгиевски тврди дека “Македонското општество е сè уште под два јарема, едниот е комунистичкиот, а другиот е антиката на Никола Груевски, со кој нè уби.“ Заборавајќи дека Бугарија во комунизмот и во комунистичкиот лагер на поранешниот Советски Сојуз има многу поголем стаж од Македонија!
Дури и амбициите на Софија за Македонија се резултат на руската креација “Сан Стефанска Бугарија“ со руско-турскиот мировен договор од 3 март 1878 година после руско-отоманската војна 1877-1878 година. На кој комунистички јарем Георгиевски мисли, ако тој и СДСМ се власт во Македонија?!
Љупчо Георгиевски смета дека “напредок во македонско-бугарските односи е Договорот од Преспа со кој е запрен фалсификатот со антиквизацијата, па демек сега за Бугарите ќе биде полесно да завршат со Македонците како “словени“, кои полесно ќе се претопат во “бугари“, бидејќи антиката ексклузивно Заев им ја подари на Грците со Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година.
Љупчо Георгиевски ги фали “Зоран Заев и Стево Пендаровски како политичари кои даваат смели изјави за приближување кон Бугарија“, но ги критикува како немакедонци сите, меѓу нив и отвореното писмо на 40 професори кои бараат крај на разговорите за ревизија на македонската историја и крај на конструкциите дека Гоце Делчев е “бугарин“.
Љупчо Георгиевски во интервјуто за БГНЕС потсетува и на барањето на МПЦ за БПЦ да стане нејзина мајка. Дури упатува критики зошто ова барање замре и е потценето во Бугарија?
Љупчо Георгиевски ги критикува бугарските кабловски телевизии зошто не емитуваат бугарски програми по ефтини тарифи, да не бидат српските програми погледани од Македонците отколку бугарските.
Љупчо Георгиевски пред бугарската јавност тврди, дека Македонската влада лесно може да даде изјава дека името на државата не подразбира територијални претензии кон Пиринскиот дел на Македонија, затоа што новото име на државата не се однесува на југо-западна Бугарија како северен дел од географска Македонија – Пиринскиот дел на Македонија.
Понатаму, смета дека воопшто “нема проблем Македонија да даде изјава дека нема да поддржи ниту едно македонско малцинство во Бугарија“, што претставува дел од антимакедонската политика на Владата и коалицијата на Заев со Георгиевски заедно со Софија, дека во Бугарија нема Македонци, како што не постои ниту Македонски народ во државата Македонија!
Љупчо Георгиевски смета, во комисијата за ревизија на македонската историја веќе се договорени 5 лица, дека во комисијата за ревизија на македонската историја веќе е извршена експертиза на учебниците за петто и шесто одделение. Заборави само да спомне дека солунските браќа Светите Кирил и Методиј, Парламентот на Бугарија со декларација ги прогласи за Бугари.
Љупчо Георгиевски дури тврди, дека има сознанија за подготвено решение за Гоце Делчев. Имено, според текстот доставен од Софија, Македонија мора дури 12 пати да признае дека Гоце Делчев е “бугарин“!
Љупчо Георгиевски смета дека со бугарско вето за Македонија, ќе се потхранат “про-југословенските и про-српските сили“ во Македонија, само не кажува кои се тие сили, кога веќе е очигледно дека и СДСМ и партијата на Љупчо Георгиевски се на страната на Бојко Борисов и Софија. Освен ако мисли како што вели, дека ВМРО-ДПМНЕ е пројугословенската партија во Македонија.
Злонамерна е и изјавата на Љупчо Георгиевски, цели генерации во Македонија биле индоктринирани дека “Гоце Делчев повеќе се борел против Бугарите отколку против Турците“, што воопшто не е точно!
Љупчо Георгиевски понатаму ја подучува Софија да не става вето на Меѓувладината конференција на Македонија со Европската Унија во декември 2020 година, затоа што “Бугарија може да стави вето стопати во текот на преговорите!“ Љупчо Георгиевски смета до крајот на преговорите, кои може да трајат и десет години, Бугарија може целосно да ја смени историјата на Македонија и Македонскиот народ!
Дури смета дека потребни се децении додека Македонците научат дека се “бугари“, и затоа полесно е да почнат разговори за убиените во Македонија по 1945 година, за кои смета дека се егз екутирани или затворани поради нивните “бугарски корени“(?!)
На крајот од интервјуто Љупчо Георгиевски смета, дека ако Бугарија стави вето во декември тоа ќе ја заживее “длабоката држава“ во Македонија против Бугарија и затоа советува од таа мерка Софија да се воздржи.
Се’ на се’, бугаринот Љупчо Георгиевски од адвокат на Бугарија во Македонија, стана адвокат на Зоран Заев во Софија за ревизија на македонската историја!
Впрочем и Красимир Каракачанов соопшти дека на Софија не и’ е потребен Љупчо Георгиевски како емисар, туку Заев да ја прифати новата македонска политичка историја напишана во Бугарија за Македонците и за Македонија!
Љупчо Георгиевски го злоупотреби ВМРО, стана милионер во Македонија, вазал на Атина и Софија, понуди поделба на Македонија во 2001 година со размена на територии и население со Албанија, како што самиот вели, во договор со српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ врз кој беше извршен атентат во 2003 година и сега ни држи лекции за полесна и побрза асимилација на Македонците во “бугари“… Кога би биле живи поранешните комити на ВМРО се знае каков би бил крајот за ваквите абдали…
За крај, семакедонската порака на Македонците по род и државјанстгво, од сите делови на Македонија, во светот и татковината: Македонците никогаш нема да прифатат дека се “етнички бугари“ бидејќи никогаш и не биле, Македонците никогаш нема да прифатат дека Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, Македонскиот народ никогаш нема да се откаже грижата за положбата и правата на Македонците во Бугарија!
И секако, Македонија не може со “еднострана изјава“ да ја рехабилитира фаш истичка Бугарија од Втората све тска вој на! Софија, кога и да е, мора да се извини за сите општествени и историски неправди и ѕв ер ства врз Македонците, како услов за добрососедски односи!
Бугарин и Грк не се етнос, туку значат вера! Грци се верниците во Цариградската Патријаршија – патријаршисти, а Бугари се верниците во Бугарската Егзархија – егзархисти, во времето на Отоманската Империја! Бугарија до 1878 година нема, таа е вазално кнежевство на Османлиското Царство (северниот дел на денешна Република Бугарија), формирано со Берлинскиот договор од 1878 година!
А, Македонците, независно од историските хипотеки на Првата и Втората Балканска Војна и Првата и Втората Светска Војна предлагаат историско македонско-бугарско помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитрет во меѓусебните односи! Никогаш северна, само Македонија!“