Home Политика Божиновски: Премиерот Ковачевски заедно со директорите Љушев и Пројковски преку американската фирма...

Божиновски: Премиерот Ковачевски заедно со директорите Љушев и Пројковски преку американската фирма „Креди Експрес“ извршиле легален грабеж тежок 30 милиони долари од корисниците на Телеком

3133
0

Зоран Божиновски повторно бранува, овој пат објави меил преписка помеѓу директорите на Телеком во кој е инволвиран сегашниот Премиер Ковачевски, заедно со други директори на Телеком, со насоки како Телеком да наплати екстра пари од домашните корисници, а за сметка на американската фирма Креди Експрес. Божиновски пишува:

„Неправосилно осудениот криминалец Атила Сендреи, на осум години затворска казна, како бивш главен извршен директор на Македонски Телеком, во август 2005 година пишал мејл порака до своите другарчиња и колеѓи од компанијата, Германци и Унгарци. Мејл пораката е испратена и до послушните прислужници и потрчковци, директорите во тоа време НИКОЛА ЉУШЕВ и СЛАВКО ПРОЈКОСКИ и до актуелниот премиер на Северна Македонија – ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ викан ЌУРКА…
СОДРЖИНАТА НА МЕЈЛ ПОРАКАТА Е ГРАБЕЖ НА ТЕЛЕКОМ, СОГОЛУВАЊЕ НА КОРИСНИЦИТЕ, ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА И КРИМИНАЛИЗАЦИЈА НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ.

Сендреи се сретнал тогаш со ЌУРКА и СЛАВКО, па си донеле интерна одлука да нема веќе толеранција кон граѓаните за две неплатени сметки, туку дерење кожа и исклучување после една неплатена сметка. Донеле одлука граѓаните да не ги информираат, туку да ги шокираат со исклучување, па кому му е зорт, а ретко кој нема зорт за мобилен телефон во денешно време – да се наплаќа ПРОМПТНО!

Проценка на СЕНДРЕИ, СЛАВКО и ЌУРКА била дека преку некаква рекетарска ,,Креди Експрес, фирма, експресно ќе наплатат 30 милиони УСД, а рекетарите од таа рекетарска фирма имале овластување и дома да им одат на граѓаните со цел ЕКПРЕСНА ПРИСИЛНА НАПЛАТА! Така и биднало, наплатиле, обезбедиле и трансферирале милиони УСД кон САД.
Сендреи ги информирал во мејл пораката своите германски и унгарски другарчиња дека со НЕЗАВИСНОТО МАКЕДОНСКО СУсВО веќе се договориле за донесување експресни пресуди во корист на МакТел. За да има рекетарската ,,Креди Експрес,, пусул од независното македонско СУсВО да тропа и ѕвони на влезните врати по домовите на граѓаните/должници корисници на услугите на оваа МОНОПОЛСКА КОМПАНИЈА!

Најсладок дел од од оваа мејл порака е кога Сендреи ги информира другарчињата дека ќе се одржи следните денови средба со ВЛАДАТА на Владо Бучковски за тој како премиер да им даде ПРВИЧНА листа на фирми и ПОЕДИНЦИ кои експресната рекетарска фирма ,,КРЕДИ ЕКСПРЕС,, нема да ги чепка. Е тој список за нечепкање само бил ПРВИЧЕН, па ќе го надградувале во зависност од реакциите на политичарите. ПРИМЕР: Ако некого чепнат а тој врисне преку СДСМ или ДУИ или ДПМНЕ, веднаш го вклучуваат во сообраќај и го впишуваат неговото име на СПИСОК ЗА НАТАМОНО НЕЧЕПКАЊЕ!
Тие 30 милиони УСД кои биле прибрани на таков незаконски начин, биле наменети за да го прошират пазарот во САД. Па ги собрале и го прошириле пазарот во САД!

ЗАВРШНА НАПОМЕНА: пазарот во САД така широчко го опфатија и го проширија што имаше истрага, па заврши со процес во ЊУЈОРК на кој ДОЈЧЕ и МАЃАР ТЕЛЕКОМ признаа вина, заедно со ЕЛЕК ШТРАУБ, АНДРАШ БАЛОГ и ТАМАШ МУРВАИ, па си платија нешто над 95 милиони УСД…

Граѓаните/корисници на услуги на Македонски Телеком се наградени така што СЛАВКО ПРОЈКОСКИ и НИКОЛА ЉУШЕВ се поставени за доживотни директори на компанијата, а ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ викан ЌУРКА е нивни инсталат на премиерска функција во Северна Македонија…“