Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, со свој став на социјалните мрежи за проблемите со онлајн наставата, меѓудругото пишува:
„…На секој проблем, предизвик па дури и војна ако му пристапиш навремено и со стратегија успехот е загарантиран. Ако на онлајн наставата и пристапевме навреме и посветевме должна сериозност денес платформата ќе функционираше како што треба.
За жал на овие луѓе од платформите единствено им функционира онаа на Езерото Матка. Одговорност за оваа работа сноси повеќе претходниот министер одколку новата министерка.
Па нели имавте вонредна состојба? Можевте што сакате да правите, да ковате платформи, да купувате лаптопи и се што е потребно за старт на учебната година. Како мене еднаш не ми се случи нешто да не ми профункционира како што треба.
Кога бев Министер за труд се спремаше пензиска реформа и се изработуваше нов софтвер од страна на група од Елктротехничкиот факултет на чело со професор Гарнаров.
Софтверот беше нивна обврска, но јас постојано ги викав на состаноци да видам до каде се со таа работа. Но бадијала софтвер ако фирмите навреме не извршеа апликација и навреме не ги добиеја кодовите за да можат да ги плаќаат проднесите за ПИОМ.
Шест месеци однапред секоја седница на Влада ги прозивав министрите чии потчинети институции не завршиле со апликацијата. Директорите на подрачните единици на фондот имаа задача лично да одат од фирма во фирма и да бараат навремено пристапување до апликацијата.
Реформата требаше да започне на 1 јануари 2006 година а ние ја тестиравме на 1 ноември 2005 година и работеше како швајцарски сат. Таа реформа со оваа апликација за онлајн настава е разлика небо и земја.
Кога бев градоначалник на Општина Карпош од корен реконструкцијата на ОУ Димо Хаџи Димов ја направив за 45 а на ОУ Братство за 70 дена. Исто и со другите училишта.
Мајсторите работеа до последниот ден. Чистачките, наставниците и дел од општинската администрација цела ноќ ги чистеа училиштата за да утредента на 1 септември учениците влезат во новото училиште.
Зарем не можевме да го одложиме стартот за два дена, секако можевме ама 1 септември си е 1 септември. Затоа почитувани пријатели кој како сериозно си ја сватил работата така и ќе му цветаа ружите.
Каква власт одбравте народе така и ќе ви се образуваат децата. А и што ќе ни е образование кога историја не ни треба, математика уште помалку зошто имаме калкулатори а што се однесува до географија, општество и други науки нели „Гугл знае све“.
Инаку 2011 година кога бев носител на листа во Изборна единица 3 се сеќавам во село Нерав, Криво Паланечко учеа 13 деца и имаше поставено ваерлес интернет а исто така и во другите училишта во тој крај. Денеска велат дека постојат само кутиите а опремата внатре ја нема.
Значи драги мои Никола Груевски бил 10 години пред времето. СДСМ тогаш биеше шега со компјутерите. Се сеќавате на ваучерите за лаптопови на бруцошите?
Тој премиер и таа влада не ви чинеа, но затоа сега на власт ни се демократите и децата од сите природни и општествени науки може да ја учат лекцијата по демократија која се вика „неспособните се на власт“.“