Статус на Ване Цветанов:
,,Во последно време слушам многу муабети дека сум бил со ДПМНЕ, ме немало за време на Отпорот…
Јас од 2010-та година дадов оставка од функција и бев прв што го обвини Груевски за организиран криминал.
Во 2010 ја ставив главата во торба и започнав јавна војна со режимот.
Не само што се борев, туку и помогнав доста, особено во делот на отварање на очите на многумина граѓани, на кои им помогнав да увидат дека Груевски е злосторник.
За време на отпорот, на мостот Гоце Делчев преку ден се собиравме по 200 луѓе, а на Рекорд по 1000 луѓе максимум. Бројките се зголемија многукратно за време на Шарената револуција.
Но тоа е заслуга на Зоран Заев. Зоран Заев, од љубов кон својот народ, го остави личниот комфорт кој што го имаше благодарение на чесните децениски семејни бизниси.
Зоран Заев пркосеше на режимот со години и убедливо победуваше во Струмица. Зоран Заев ги стави на ризик својата слобода, својот живот и безбедноста на своето семејство.
Зоран Заев ги стави на ризик и сите семејни бизниси. Освен што платија казни во вредности над милион евра, свесно изгуби и бизнис можности, затоа што беа ставени на црна листа од страна на режимот.
А дали знаете зошто Зоран Заев ги направи сите овие жртви, а не мораше? Затоа што има срце и душа, Затоа што има љубов кон државата, Затоа што го сака својот народ!
Кога некому нема да му е јасна некоја од намерите на Премиерот, кога ќе почне да губи доверба во Премиерот, нека ги прочита овие зборови за да се потсети.
А за оние другите, што не им е јасно како се направија сите успеси на меѓународен план, нека имаат на ум, дека со чисто срце, искрена љубов кон државата, големи саможртви и многу работа, успесите си доаѓаат еден по еден.
Успеси се редат, а ќе се редат уште многу во иднина.
Секој од нас, да дава само 10% за државата, од она што го дава од срце Премиерот, државата за неколку години ќе цвета!
П.С. Порака за одредени ограничени членови на СДСМ, што ги делат луѓето на “Наши” и “Ненаши”, – ако си останеа само они, ќе си седеа уште долго во опозиција.
Нека бидат благодарни на Заев, за кого не само јас, и уште многу други ги оставивме срцата по асфалтите за слободата на оваа држава. Имајте убав ден!”