„Мене многу ме фрустрира неодоговрното однесување во сообраќајот. Има една лоша навика кај нашите возачи – кога јас управувавам со возилото тогаш не се толку важни правилата, а кога друг вози така тогаш мене ми пречи.
Затоа мораме да ги смениме навиките во сообраќајот. Тоа е важен и неселективниот пристап на полицијата, дека секој кој ќе стори прекршок мора да си плати и тоа така ќе биде додека сум јас министер. И татко ми плати казна, и Зоран Заев плати, и Венко Филипче плати, и секој до последен има да плати. Јас не сум ни знаел за тоа дека татко му сторил прекршок, кога дознав казната веќе беше напишана, но јас немам намера да искинам нечија казна. Јас постојано им нагласувам дека нема потреба од страв кај полицајците. И да застанат некој функционер воопшто да не се плашат да му пишат казна ако погрешил. Нам интересот на граѓаните ни е најважен, и тука нема врски, нема привилегирани. Секој ќе си плати за грешката. Само така ќе воведеме ред“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Студио 10, на „Телевизија 24“.
Во продолжение, министерот изнесе статистика според која е направена споредба на сообраќајките во ноември 2019 година и истиот месец годинава. Со оглед дека оваа есен се засилени полициските контроли пад бележат сите статистики.
„Во ноември 2019 година имавме 714 сообраќајни незгоди, годинава имаме 20 отсто помалку. Тогаш животот го загубиле 11 лица, годинава седум лица. Во однос на пешаците имаме намалување на 70 отсто на бројката кои загинале, од четири е намалена на еден. Намелен е бројот со тешки телесни повреди. Што значи дека контролата во сообраќајот дава резултати и ги поттикнува возачите на посмирено и посовесно возење“, дополни Спасовски.
Извор: www.brif.mk