Поранешниот функционер на СДСМ вели дека образложението на шефт на државата за Законот за легализација на дивоградби истовремено е и тешко обвинение
Универзитетскиот професор и поранешен висок функционер на СДСМ Ѓорги Спасов го оцени како добар знак ветото што претседателот Стево Пендаровски денеска го стави на Законот за легализација на дивоградби. Според Спасов, образложението на шефот на државата, во суштина, е и тешко обвинување.
„Образложението на Пендаровски бара одговор. Ова образложение е истовремено и тешко обвинение. Некој треба да ги образложи мотивите за донесувањето на овој закон и ако не се согласува со наводите на Пендаровски.Добро е што во Македонија веќе не може ништо да помине така безшумно на мала врата и што постои разбудена јавност дури и кога ‘сложните попови во петок мрсат’“,
напиша Спасов на Фејсбук.
Претходно, Спасов оцени дека Законот за легализација на дивоградбите е голема грешка, а уште поголема членот 41, со кој, како што посочи се запираат кривичните постапки против оние што беа свесни дека прават кривично дело со градење без градежна дозвола.