Граѓаните треба да знаат дека „Бродот на среќата“ е сто проценти приватна инвестиција. Инвеститорот е бугарски граѓанин, кој во овој брод инвестираше над 1.200.000 евра, рече денеска сопственикот на бродот, Жарко Миленковски управител на бродот.
-Град Скопје нема никакво побарување кон нас, односно немаме никаков долг. Плаќаме по 1.000 евра месечно за концесија и што е најважно, се’ уште не е укината дозволата за поставување на урбана опрема, што значи дека правниот акт врз кој е поставен овој брод се уште постои и е во сила. Во тек се два судски предмети, а за едниот утринава беше одржано и рочиште. Не може да се руши со сила додека нема судска одлука.Поминаа времињата кога се рушеше со сила, без судска одлука. Ова е срам за Македонија. Се руши опрема вредна 1.200.000 евра и тоа без судска одлука, а имаме многу примери кога времени мерки се носеле за нерушење на многу помали објекти. Ова е странска инвестиција. Бараме од Градот да не ја нарушува довербата на странските инвеститори со ваквите потези, вели Миленковски.
Повеќе >> Слободен Печат