Претседателката на партијата „Глас за Макеоднија“, Солза Грчева по изборите очекува влез во Собранието со бројка од пет до десет пратеници.
Во интервјуто за „А1он“ изјави дека доколку се одлучат за коалицирање поприфатливо би било со ВМРО-ДПМНЕ, но како што вели доколку се договорат околу одредени услови, при што главното барање на оваа партија е укинувањето на Преспанскиот договор.
„Сум исклучително лута на целиот овој процес околу Преспанскиот договор во кој учествуваа двете партии, тоа е евидентно, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ не излегоа од Собранието, а немаат ни сега јасен став што ќе прават со него, за разлика од нас. Сум изјавила и стојам на ставот дека со СДСМ нема коалицирање, но да видиме дали би можеле со ВМРО-ДПМНЕ, но не се плашиме да останеме и опозција во опозиција. Ако се прифатат одредени услови кои би ги издискутуирале со нив , тогаш би можеле да имаме некакви шанси за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“ изјави Грчева.
Таа вели дека се уште стои на ставот дека Преспанскиот договор треба да се поништи и како парламентарна партија ќе се залагаат тоа да го направат. Според неа, патот за влез во ЕУ би бил тежок и без договорот, а соседите доколку сакаат може да ја блокираат земјата и покрај потпишаниот Преспански договор.
Повеќе >> a1on.mk