Бугарија ги цени брзите потези на властите во Скопје за палењето на бугарското знаме и манифестациите на говор на омраза на социјалните мрежи, но очекува брза реакција и за тоа што податоци за лица со бугарскоЗ државјанство кои живеат на територијата на Република Северна Македонија биле дистрибуирани на фејсбук. Ова му било кажано на вршителот на должност амбасадор на Република Северна Македонија кој вчера беше повикан во Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Како што јавија од Министерството по средбата, Бугарија очекува тие податоци и реакциите на граѓаните кон лицата со бугарско државјанство да запрат.
Како што посочуваат бугарските медиуми, станува збор за групата на Фејсбук „Ајде да плукаме по Бугари и бугараши“, во која се пласираат навреди и говор на омраза кон Бугарите, „повици за физичко насилство кон бугарофилите и за напаѓање на бугарските туристи во Македонија“, како и објавен список за плукање по „истакнати македонски бугараши“.
„Оваа ФБ група докажува дека правилно сме им ја покажале вратата“. „Го заслужуваат ветото. Овие луѓе не са зрели за ЕУ“, се дел од коментарите во бугарски медиуми.
Инаку и премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС рече дека Македонија брзо реагирала за знамето и за говорот на омраза на фејсбук. Тој рече дека во најбрз можен рок го разрешиле Зоран Иванов, претседателот на Надзорниот одбор на МИА.