Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи со службеното возило Фолксваген пасат утрово беше паркиран на Кеј 13 Ноември во Скопје. Иако на шеталиштето е забрането паркирање и градоначалниците на Општина Центар и Град Скопје Саша Богдановиќ и Петре Шилегов постојано апелираат граѓаните да бидат совесни, денеска прекршок направи и потпретседателот на Владата и член на СДСМ Битиќи.
Регистрирано беше службено возило, паркирано на плочникот меѓу терасите и регистрацијата потврдуваше дека е владино службено возило. Шоферот стоеше пред колата, која цело време работеше и работеше. После извесно време го забележавме вицепремиерот Битиќи како излегува од едно од кафулињата на кејот, влезе во возилото и замина.
„Никој не смее да ги прекршува законите и сообраќајните правила. Возачот на возилото ќе биде казнет на плата уште овој месец“, вели Мирчевски.
На 23 септември годинава, на Кејот исто така беше паркиран и службениот ‘пасат‘ на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој тогаш заработи казна од инспекторите на Град Скопје во висина од 50 евра за недозволено паркирање на пешачка патека.
Извор >> СакамДаКажам