Хајнц Кристијан Штрахе, заменик на австрискиот премиер Себастијан Курц, во саботата ја понуди својата оставка со цел да се спречи распадот на коалициска влада составена од конзервативната Народна партија на канцеларот и Партијата на слободата (ФПО) на Штрахе. Но, Курц, сепак, ја распушти владата и најави нови избори, кои треба да се одржат во најкус можен рок.
Сè почна кога „Дер шпигел“ објави снимка од 24 јули 2017 година во луксузна вила на Ибица. Во вилата се Хајнц Кристијан Штрахе и Јохан Гуденус, двајцата од FPO, деснопопулистичката Партија на слободата на Австрија.
Тие се сретнаа со девојка која се претстави како внука на рускиот олигарх Игор Макарова. Тој е сопственик на „Арети холдинг“ и се занимава со продажба на гас и нафта. Неговото богатство се проценува на 2 милијарди евра и работи со друг олигарх во Виена, пишува „OE24“.
🛑#Strache hat nen Informant für die Drogengeschichten von #Kurz? Wir kaufen mal Popcorn für den Wahlkampf! Wenn #KanzlerKurz Anstand hat, tritt er ebenfalls zurück, weil er diesem korrupten Typen ins Amt verhalf – oder müssen wir nachhelfen? #Rücktritt #Strachegate #Neuwahlen pic.twitter.com/Oq8BQ6ujDl
— kurzschluss (@kurzschluss14) May 18, 2019
Средбата почнала со аперитив на терасата и продолжила со вечера, шампањ, туна и суши. Подоцна друштвото преминало во дневната соба, каде што продолжиле да пијат. Девојката рекла дека е подготвена да инвестира руски пари во Австрија. Штрахе почнал да ѝ објаснува како се финансира нивната партија. Тој рекол дека постојат богати луѓе што ѝ даваат на партијата и до два милиона евра, но дека парите не ги уплаќаат на сметка на партијата, туку во здружението за да се избегне контрола на државната ревизија.
Во саботата беше објавен уште еден исечок од видеото, кое трае вкупно шест часа. Во тој исечок Хајнц Кристијан Штрахе вели дека има информации за сексуални оргии на Себастијан Курц, сегашниот канцелар, во тајни наркомански простории.
По овој скандал, опозицијата бара оставки и од други министри на ФПО во владата.
Канцеларот Курц за „Билд“ изјави дека е шокиран и потресен од видеото.
извор: макфакс.мк