Една од обвинителите во СЈО Фатиме Фетаи денеска во есклузивна изјава за телевизија Канал 5 открила дека влезот во СЈО подлежи на посебен режим на сите вработени во институцијата.
,,Во понеделникот не собра на колегиум. Ни тврдеше дека е злоупотребена и ни се закани, ако не ме браните, за сите ќе зборувам, сите ќе пропаднете со мене.”, вели Фетаи за Канал 5.
Обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.
Сите информации од Канал5 можете да ги прочитате ОВДЕ
Повеќе вести: Колони на возила на македонско-грчката граница, попладнево вистински хаос – еве колку време се чекаше за влез во Грција
Сообраќајот низ државата е интензивиран, а на граничните премини Богородица и Табановце се чека по 30 до 45 минути, информира АМСМ.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.
Иако коловозите се суви, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.