Намерно или случајно, деновиве, најцитирана изјава од гостувањето на директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, на емисијата “Win-win” е онаа за ЗАКАНАТА со казна: парична или „затворска казна до 5 години, како за физичкото лице кое ќе одбие да даде податоци на пописот, така и за „МОТИВАТОРОТ“, по кривична пријава на Заводот.
Директорот го помешал членот 50 со членот 49, иако се однесуваат на различни субјекти- пишува на Фејсбук пратеничката Гордана Силјановска Давкова
Наместо статистички, зазвучи политички, па дури и јавно-обвинителски. А потем?
Ај што ја ја чувме дезинформацијата по сите медиуми, небаре е „законска одредба“, а не погрешна информација, туку и ги анкетираа граѓаните за ставот во однос на измислената санкција! Никој не се сети да го цитира членот, ниту да побара да му го цитираат! Патем, компаративниот преглед на правно утврдените санкции во законите за попис на различни европски држави за недавање податоци, ЈАСНО открива дека БЕЗ ИСКЛУЧОК, секаде, оваа повреда се квалификува како прекршок и се санкционира парично, а никаде затворски!
Повеќе >> Infomax.mk