Шекеринска: Ние веќе не сме сами како држава, нападот на било која членка на НАТО значи напад на сите и сите би се мобилизирале за помош

Шекеринска

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска од Клубот на пратеници порача дека Македонија е на добар пат да стане дел од НАТО, додавајќи дека е изменет имиџот на многу институции во државата.

„Ние веќе не сме сами како држава. Нападот на било која членка на НАТО значи напад на сите и сите би се мобилизирале за помош. Нашата држава стигна на крајот на ратификациониот процес. Не сме најголема или најбогата, но минатата година успеавме да го промениме имиџот на сите институции. Како Влада покажавме мудрост кон некои прашања. Сите наши соседи цврсто не поддржаа за членство во НАТО. Плативме огромна цена кога нашата држава не била на маса кога за неа се одлучувало“, порача Шекеринска.

loading...
You Might Like
SHARE