Идентитетот не се менува. Никогаш. Ние не бараме промена на вашиот идентитет.“
Ова го вели во интервју за БИРН професорот од Универзитетот „Аристотел“ во Солун,
Спиридон Сфетас. Тој е член на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на
експерти за историски, археолошки и образовни прашања од Македонија и Грција
чие формирање беше предвидено со договорот од Преспа.
Во моментот грчката комисија чека нов претседател откако се смени власта. Новиот
премиер Мицотакис би требало да го соопшти името кое ќе биде на чело на
комисијата и ќе го замени досегашниот заменик министер за надворешни работи,
Маркос Боларис.
Тој и неговите колеги одржаа вкупно четири состаноци на кои требаше да го
спроведат напишаното во членот 8 став 5, според кој од учебниците во двете држави
треба да се отстранат формулации што содржат иредентистички или
ревизионистички елементи.
„Генерално завршивме се! Можеби во текот на летото ќе се сретнеме повторно. Таа
евентуална средба би била поради промената на политичката гарнитура во Грција.
Нови министри, нова Влада. Но тоа велам, доколку е потребно. На крајот на јуни се
договоривме и направивме размена на забелешки“ – вели Сфетас.
Состаноците ги опишува како кооперативни без агресија, нешто што историјата знае
да го испровоцира, особено кога станува збор за решавање на болни историски
прашања…
повеќе на: https://prizma.mk/sfetas-prespanskiot-dogovor-e-remek-delo/